• петок, 22 ноември 2024

Меконел: Ќе се борам на секој чекор против инфраструктурниот план на Бајден 

Меконел: Ќе се борам на секој чекор против инфраструктурниот план на Бајден 

Вашингтон, 1 април 2020 (МИА) - Лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Меконел, изјави денеска дека има намера да се спротивстави на инфраструктурниот план на претседателот Џо Бајден. 

Како што укажа, тоа ќе го прави „на секој чекор“ и изрази мислење дека таа иницијатива нема да биде поддржана од републиканците во Конгресот. 

-Ќе се борам на секој чекор, затоа што што сметам дека тоа е погрешно потег за Америка, изјави тој денеска на брифинг во Овенсбург, Кентаки. 

Тој истакна дека планот на Бајден истакнува длабоко филозофски противречиности меѓу републиканците и демократите, а по повод даночната политики и државниот долг. 

Инфраструктурниот план на Бајден, објавен вчера, предвидува кардинални промени во економската политика на САД и инвестиции во традиционални проекти како обнова на магистрали и мостови, но и иницијатива за борба со климатските промени и социјална правда. 

-Во тој план, што претседателот го промовираше во Питсбург, се издвојуваат повеќе пари за електроавтомобили отколку за патишта и мостови, изјави Меконел. 

Бајден порача дека пакетот ќе се финансира на сметка на зголемени даноци. 

Меккноел предупреди дека зголемувањето на даноците ќе нанесе штети по економијата и дека такви огромни расходи можат да го зголемат долгот на САД. Од Белата куќа инсистираат дека инфраструктурниот план на Бајден ќе донесе само корист. 

-Сметам дека треба да се гради, но и тоа дека треба да дозволиме да не и наштетиме на економијата со значајно зголемување на даноците и зголемен државиот долг, рече тој. кб/ сд/

Остани поврзан