Мекларен го освои шампионатот за конструктори за прв пат по 1998 година
- Мекларен го освои шампионатот за конструктори на крајот од сезоната во Формула 1 во 2024 година.
Абу Даби, 8 декември 2024 (МИА) - Мекларен го освои шампионатот за конструктори на крајот од сезоната во Формула 1 во 2024 година.
На последната трка во годината во Абу Даби, денес британскиот тимски возач Ландо Норис заврши прв, неговиот тимски колега Оскар Пјастри беше десетти. Овој резултат на тимот и ја обезбеди шампионската титула во екипна конкуренција (вкупно 666 бодови).
Мекларен го освои трофејот за прв пат од 1998 година. Вкупно, тимот има девет конструкторски првенства. Во оваа статистичка категорија Мекларен се изедначи со Вилијамс, трет е Мерцедес со осум трофеи.
Тимот на Ферари го освои второто место во шампионатот за конструктори заостанувајќи 14 бода од Мекларен. Ред Бул (589) е на третото место, Мерцедес е четврти (468). зс/
Фото: ЕПА