• недела, 22 декември 2024

Мекарти: Потребна е помош

Мекарти: Потребна е помош
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти (републиканец од Калифорнија) во телефонско интервју во живо за Си-Би-Ес Њуз изјави дека „е потребна помош“ како одговор на упадот на приврзаници на Трамп на Капитол кои се против заверување на гласовите од Изборниот колеџ. - Мислам за безбедноста на другите, мислам дека е потребна помош. Ајде да го ставиме ова под контрола, изјави Мекарти. Сенаторите, членовите на Претставничкиот дом и репортерите се евакуирани на непознати локации. Потпретседателот Мајк Пенс, кој го надгледуваше сертифицирањето на гласовите на Изборниот колеџ, беше евакуиран од Сенатот околу 14 часот по локално време. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, исто така е евакуирана на безбедна локација. Демонстрантите претходнои упаднаа и во нејзината канцеларија. Најмалку пет огнени оружја беа пронајдени при немирите и приближно 13 лица беа уапсени, соопшти полицијата. Сите уапсени беа од други американски држави, меѓу кои и три лица од Мериленд. ми/

Тагови

Остани поврзан