• петок, 22 ноември 2024

Медиумската писменост и студентите - панел-дискусија на Филолошкиот факултет

Медиумската писменост и студентите - панел-дискусија на Филолошкиот факултет
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 (25 октомври -1 ноември) денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“. Панел-дискусијата ќе ја отворат проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка, и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“. - За различни аспекти поврзани со медиумската писменост, високото образование и маргинализираните заедници ќе дискутираат: Блејк Смит, професор од Универзитетот во Чикаго, Фулбрајтов научник на Филолошкиот факултет; Гордана Алексова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик; Бранислав Геразов, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ); Бојан Шашевски, новинар од Радио МОФ; Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик; Саранда Мехмеди, студентка, поетеса, препејувачка и активистка за правата не бегалците и Кристијан Лазаров, студент и активист за правата на лицата со оштетен вид, соопшти Филолошкиот факултет. Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат“, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Ја спроведува ИРЕКС / IREX (Меѓународeн одбор за истражување и размена) во соработка со локалните партнери - Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум. хс/нд/    

Остани поврзан