• четврток, 05 декември 2024

Медиуми: Хакери објавија податоци за израелски нуклеарен научник и функционер за одбрана

Медиуми: Хакери објавија податоци за израелски нуклеарен научник и функционер за одбрана

Тел Авив, 11 ноември 2024 (МИА) - Хакери го открија идентитетот на израелски нуклеарен научник и високо позициониран службеник за одбрана, објавија денеска израелските медиуми.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека хакери, наводно поврзани со иранската разузнавачка служба, ги објавиле личните податоци на нуклеарен научник од Центарот за нуклеарни истражувања во Сорек.

Весникот истакна дека хакерите објавиле околу 30 фотографии од објектот во Сорек, преземени од хакираниот телефон и електронската пошта на израелскиот научник.

Хакерите исто така објавија скриншот со список на израелски нуклеарни научници кои работат на проектот за „акцелератор на честички“ во овој објект.

Објавени се и приватни фотографии и документи на поранешниот генерален директор на Министерството за одбрана, по хакирањето на неговиот профил.

Израел сè уште нема коментирано за извештајот. Минатиот месец, израелската полиција соопшти дека уапсила седум израелски државјани осомничени за собирање информации за израелски воени бази и енергетска инфраструктура за иранските разузнавачки служби. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан