• недела, 22 декември 2024

Медиуми: Палестинскиот претседател Абас одби да разговара со Бајден

Медиуми: Палестинскиот претседател Абас одби да разговара со Бајден

Рамала, 20 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас одби да разговара по телефон со американскиот претседател Џозеф Бајден за време на посетата на американскиот претседател на Израел во средата, објави утринава израелската телевизија Кан.

Цитирајќи неименуван палестински извор во Рамала, на Западниот Брег, каде што е седиштето на палестинската управа, ТВ Кан наведе дека администрацијата на Бајден се обидела да организира телефонски разговор меѓу двајцата лидери, но дека Абас го одбил барањето.

Сепак, тимовите на американската и палестинската управа останаа во контакт, иако Абас е многу лут поради американската поддршка за Израел во војната против палестинската милитантна група Хамас и исто така го откажа очекуваниот состанок со Бајден и арапските лидери на неодамнешниот самит во Јордан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан