• сабота, 27 април 2024

Медиуми: Начо и Васкез верни на Реал до лето 2025

Медиуми: Начо и Васкез верни на Реал до лето 2025

 

Мадрид, 27 март 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави денеска весникот АС.

Двајцата играчи ќе потпишат нови договори со важност до лето 2025 година. 

Претходните договори на обајцата истекуваа на крајот од сезоната 2023-2024.

Претходно денеска се дозна дека играчот од средниот ред Тони Крос исто така ќе остане во Реал најмалку уште една година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан