• четврток, 04 декември 2025

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова


Џенова, 5 ноември 2025 (МИА) – Калчолигашот Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, јавија денеска италијанските медиуми.
„Фудбал Италија“ објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот обезбеди опстанок во Серија А.
Според информациите, Де Роси ќе дебитира на клупата на Џенова в недела против Фиорентина.
Џенова изминатиот викенд му врачи отказ на досегашниот тренер Патрик Виеира, откако тимот не забележа победа во првите девет кола од Серија А.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан