• четврток, 26 март 2026

Медински најави размена на повредените воени заробеници

Медински најави размена на повредените воени заробеници

Москва, 11 јуни 2025 (МИА) – Русија и Украина утре ќе разменат тешко повредени воени заробеници, врз основа на договорот од Истанбул, објави на социјалните мрежи главниот руски преговарач Владимир Медински.

Тој додаде дека Русија веќе презела тела на 27 загинати војници.

Украинските власти денеска соопштија дека презеле тела на 1.212 загинати војници.

Телата на 1.212 загинати борци се вратени во Украина. Истрагата ќе го утврди идентитетот на загинатите што е можно побрзо, соопшти Генералштабот на украинската армија. ми/

фото: Икс

Остани поврзан