• недела, 17 ноември 2024

Медведев по поразат од Синер: Против него не е доволно само да се обидеш да го победиш

Медведев по поразат од Синер: Против него не е доволно само да се обидеш да го победиш

Мајами, 30 март 2024 (МИА) - Данил Медведев загуби од Италијанецот Јаник Синер во полуфиналето на турнирот во Мајами со 1:6 и 2:6. Рускиот тенисер го претрпе петтиот пораз во низа од Италијанецот за кого рече дека е многу тежок противник.

- Мојот план беше да играм агресивно како на Австралија Опен, но тоа е секогаш ризик бидејќи тоа е поинаква игра на која не сум навикнат. Сепак, мислам дека против Јаник не е доволно само да се обидеш да го победиш. Тој е исклучително тежок ривал. Бев принуден малку да се променам себеси и мојот стил. Во првите два сета од финалето во Мелбурн оваа промена функционираше, но не овде бидејќи не бев на вистинското ниво во мојата игра. Кога повторно ќе се сретнам со Синер, ќе размислам што друго можам да направам за да станам подобар, изјави Медведев. 

Русинот загуби од Италијанецот по петти пат по ред, вклучително и во финалето на Австралија Опен на почетокот на оваа година. Сепак, скорот на личните средби е во корист на Медведев – 6:5.

Во финалето на Мастерсот во Мајами, Синер ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан