• петок, 27 декември 2024

Медведев: Европа мора да биде казнета откако одби да ги спаси руските морнари

Медведев: Европа мора да биде казнета откако одби да ги спаси руските морнари

Москва, 27 декември 2024 (МИА) - Европа треба да биде казнета со сите расположливи средства бидејќи одби да им помогне на руските морнари откако руски товарен брод потона во Средоземното Море, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој на својот профил на каналот Телеграм напиша дека Европа мора да биде казнета со сите расположливи средства: политички, економски и сите видови хибридни.

Медведев рече дека денеска е обелоденето дека екипажот на норвешкиот брод „Осло Кариер 3“ одбил да ги спаси руските морнари откако рускиот товарен брод „Големата мечка“ потонал во Средоземното Море. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан