• сабота, 20 јули 2024

Медведев ги загуби последните четири натпревари против играчи од Топ 10

Медведев ги загуби последните четири натпревари против играчи од Топ 10
Синсинати, 21 август 2022 (МИА) - Првиот светски рекет Данил Медведев (Русија) ноќеска го загуби со мечот со седмиот на ранг-листата Стефанос Циципас (Грција) во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати - 6:7, 6:3, 3:6. За Русинот ова е четврти последователен пораз во мечеви со топ 10 играчи. Претходно на Австралија опен и во Акапулко загуби од Рафаел Надал, додека во Мајами од Хуберт Хуркач. Ова е најдолгата серија на порази на Медведев против топ 10 тенисери во последниве три години. Оваа сезона билансот на Медведев со првите десет е 3:4, а во неговата кариера билансот е 29:28. зс/

Остани поврзан