• недела, 22 декември 2024

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на пријавениот напад во Младинскиот центар „Сакам да знам“

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на пријавениот напад во Младинскиот центар „Сакам да знам“
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат неопходните мерки и активности за расчистување на пријавениот напад во текот на вчерашниот ден врз вработена во младинскиот центар „Сакам да знам“ - Водно кога, според пријавеното, едно лице упатувало закани и навреди кон вработената.
-МВР во координација со Обвинителството презема и мерки и активности за случаите на говор на омраза кон вработени во организацијата „Хера“. Најостро ги осудуваме ваквите појави и ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во најблиската полициска станица или на мејлот cybercrime@moi.gov.mk, а ние во координација со Обвинителството ќе ги преземеме неопходните мерки и активности за соодветно санкционирање, се вели во соопштението.
Од МВР посочуваат дека има нула толеранција кон заканите за безбедноста на било кој граѓанин и континуирано преземаат мерки за санкционирање на ваквите појави. мд/сст/

Остани поврзан