• вторник, 24 декември 2024

МВР: Регистрирани индивидуални изборни нерегуларности во Долно Количани, Илинден и Демир Капија

МВР: Регистрирани индивидуални изборни нерегуларности во Долно Количани, Илинден и Демир Капија

Скопје, 17 октомви 2021 (МИА) - Во село Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк“ од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15:40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Велес, пак, во 18:15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот“ во Демир Капија лицето В.М. од Демир капија дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, истиот ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен oбвинител ќе се превземат потребните дејствија.ар/са/

Остани поврзан