• недела, 12 мај 2024

МВР: Пронајден хероин при претрес во Велес, приведен дилер

МВР: Пронајден хероин при претрес во Велес, приведен дилер

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 13 часот во Велес го лишиле од слобода дваесет и седумгодишниот велешанец Т.А.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени хероин и две дигитални ваги.

-Т.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан