• среда, 25 декември 2024

МВР: Приведен крадец во Битола, го признал делото, а одземеното вратено на сопственикот

МВР: Приведен крадец во Битола, го признал делото, а одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Приведено e едно лице од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект. Тој во службен разговор го признал делото додека одземените работи се вратени на сопственикот, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10) го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола. Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот, велат од МВР.

Оттаму информираат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан