МВР: Претрес во Гостивар, пронајдена дрога
- Тетовската полиција синоќа во 22.30 часот го лишила од слобода Ф.З. (31) од Гостивар.

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Тетовската полиција синоќа во 22.30 часот го лишила од слобода Ф.З. (31) од Гостивар.
Како што информираат денеска од МВР, во неговиот дом и помошни простории во Гостивар со судска наредба бил извршен претрес и при претресот била пронајдена и одземена марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. сст/
фото МИА архива