• петок, 12 јули 2024

МВР: Претреси во Тетово, пронајдена е дрога и приведени се две лица

МВР: Претреси во Тетово, пронајдена е дрога и приведени се две лица

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Тетовската полиција синоќа во 21.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово ги лишила од слобода М.Л.(23) и А.М.(24), двајцата од Тетово, во чии домови и помошни простории, при претреси извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Како што информира денеска МВР, двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан