• четврток, 04 декември 2025

МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција

МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19 јули годинава извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.  

Како што соопшти денеска МВР, за време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум. По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан