• сабота, 06 декември 2025

МВР: За еден месец, 161 санкција за непрописно вградени фолии

МВР: За еден месец, 161 санкција за непрописно вградени фолии

Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - За еден месец изречени се 161 санкција за непрописно вградени фолии, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 1 до 30 септември, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи, кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, потенцираа од МВР.

Оттаму нагласија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/дма/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан