• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - На 27.09.2023  полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Л.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом на ул.„Гостиварска" во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis, шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и  предмети со остатоци од марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 27.09.2023 во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница. Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 27.09.2023 околу 18.50 часот на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г.С., поради сомнение дека околу 14.00 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово извршил кражба во патничко возило „фиат добло“. Кај него бил пронајден и одземен личен предмет, кој подоцна бил вратен на сопственикот Ш.А.(45) од Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде поднесен соодветен поднесок. 
  
На 27.09.2023 во 08.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа била затекната при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Драган Стопаревиќ“ Куманово. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. 

На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, врз основа на наредба за претрес од Основен суд - Битола, извршиле претрес во дом во с.Дихово, битолско, сопственост на Ф.Ј.(29) од истото село. При претресот се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дробилка и предмети со остатоци од прашкаста материја, за кои е утврдено дека припаѓаат на неговиот брат В.Ј.(23). По документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава. 

На 27.09.2023 во 20.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2023 во 22.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 27.09.2023  полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на патот за с.Ивањевци, битолско, го лишиле од слобода К. А.(47) од Прилеп, бидејќи кај него е пронајдена и одземена  марихуана. Тој е приведен во Полициска станица Битола и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 537 возачи. Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 263 надвор од населено место.   

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за некористење на сигурносен појас... 

Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (27 септември) од 08.00 до 20.00 часот спроведе контролни активности за брзина со која се движат возилата на подрачјето, а во која се откриени и санкционирани 70 (ТЕ-32 и ГВ-38) пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Пет возачи (ТЕ-3 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час од дозволеното, 26 возачи (ТЕ-12 и ГВ-14) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 48 пречекорувања (ТЕ) во населено место, како и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-4). На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а зависно од големината на пречекорувањето и со мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.         

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 86 возачи, меѓу кои 49 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола, 4 возачи се санкционирани за управување под дејство на алкохол, 8 санкции се изречени за непрописно паркирање, а една за користење на мобилен телефон при возење... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Денеска (28.09.2023) во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

На 27.09.2023 во 18.05 часот на регионалниот пат за с.Сопотница, демирхисарско, Ј.В.(51) од с.Мало Илино, демирхисарско, управувајќи мотоцикл „лифан“ без регистарски ознаки, изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. 

На 28.09.2023 во 01.20 часот во СВР Куманово, Е.И.(20) од Куманово пријавила дека во кругот на Општа болница Куманово била касната од куче скитник.   

На 27.09.2023 во 17.45 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(31) од Куманово пријавил дека на ул.„Аминта Трети“ бил каснат од куче скитник. 

На 27.09.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Б.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ била касната од куче скитник.  

 

Остани поврзан