МВР Билтен
- Т.М.(44) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Т.М.(44) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 12:50 часот во Скопје, во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Ѓ.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 19-годишна партнерка, дека околу 09:30 часот агресивно се однесувал и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, М.Ц.(23) од радовишко, а со престој во Скопје, пријави дека околу 14:40 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Л. (41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.06.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.
На 30.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 29/30.10.2025 во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и алат одзело сеф со пари. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 19:09 часот во СВР Скопје, Р.С.(59) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син и неговиот братучед биле физички нападнати од три лица, а едно од лицата се заканило и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје, Х.С.(19) од с.Миладиновци, скопско пријави дека околу 15:00 часот во населбата Илинден,скопско, во приватна фирма, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Е.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 17:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Г.(67), постапувајќи по претходна пријава од неговата 69-годишна сопруга дека на 28.10.2025 во домот физички ја нападнал. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок. свс/
Фото: МИА архива