• четврток, 21 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - На 09.11.2024 во 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Р.Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

На 08.11.2024 во 12.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.11.2024 во 15.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.П.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.11.2024 во 21.50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода Џ.А.(18) од Штип, затоа што извршен преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2024  во 23.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.С (28) од Прилеп, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 09.11.2024 од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод во содејство со шумската полиција од Прилеп и Македонски Брод на место викано „Голем рид“ во атар на с.Дебреште,општина Долнени, бил затекнат трактор „имт“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(39) од с.Дебреште, натоварен со огревно дрво без жиг и без испратница, а во непосредна близина биле пронајдени и други огревни дрва, нежигосани и бесправно исечени.

Дрвата се подигнати од страна на ЈП „Национални шуми“- Македонски Брод, а против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2024 полициски службеници од ОВР Крушево вршејќи мотопатролна служба во атар на с.Арилево, крушевско, пронашле нежигосани огревни дрва.

Се работи на расчистување на случајот.

На 10.11.2024 од 00.00 часот, полициски службеници  од СВР Тетово извршиле акциска контрола по угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохол на малолетници, при што во угостителски објект во Тетово, сопственост на А.О. (34) од Тетово, била затекната малолетничка од село Стенче, која консумирала алкохол.

Малолетничката е предадена на семејството, а за сопственикот на објектот е изготвен соодветен поднесок. 

На 09.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја привеле М.В.(28) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорила дозволениот престој во државата.

Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

На 09.11.2024 во 08.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Г.Б.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

На 08.11.2024 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(42) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.11.2024 во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во близина на наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(47) од Куманово и товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И. од возилото „шкода“, а со телесни повреди се здобиле возачот А.И и уште еден сопатник Ј.И. од истото возило, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

На 09.11.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Центар Д.С.(56) од Скопје пријавил на Кеј „Димитар Влахов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/



Остани поврзан