МВР билтен
- Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 16.00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај кавадаречкото село Фариш го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 16.00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај кавадаречкото село Фариш го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка.
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12.25 часот во Велес го привеле М.П.(46) од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 21.50 часот во Куманово ја лишиле од слобода С.С.(44) од Република Србија. Таа се сомничи дека на улица „Пиринска Македонија“ во Куманово одзела паричник на К.А.(81) од Куманово. С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, го лишиле од слобода Н.Б.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода М.Т.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода Л.Б.(20) од село Никуштак, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Штип вчера во 12.05 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип го лишиле од слобода Ш.К.(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш вчера во 18.00 часот во Радовиш ги лишиле од слобода Ј.М.(37) од село Калуѓерица, радовишко и Д.Л.(49) од село Сулдурци, радовишко. При преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.М., а сопатник бил Д.К., била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На Граничен премин Долно Блаце вчера во 16.10 часот на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Х.(43) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На Граничен премин Долно Блаце вчера во 13.30 часот на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(25) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативната евиденција на Интерпол како украдено. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во СВР Скопје синоќа околу 01.20 часот било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Средно Водно, патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од Х.И.Д.(22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката З.А.(19), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички Е.А.(18) и А.И.(19), сите од Република Турција, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во СВР Скопје вчера во 09.15 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Љ.М.(49) од Скопје вчера во 19.40 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на ул.„Радишанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
П.В.(61) од Неготино вчера во 13.10 часот во Полициска станица Неготино пријавил дека на улица „Васка Калајџиска“ во Неготино бил каснат од куче скитник.вј/
Фото: МИА архива