• четврток, 21 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - На 10.11.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(26) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.11.2024 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.11.2024 во 12.25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.11.2024 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Р.Л.(20) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.11.2024 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош привеле малолетник од с.Могорче, дебарско, со  престој во Скопје и Е.Х.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени боксирач и два ножеви. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Денеска (11.11.2024) во 00.05 часот во Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишиле од слобода А.Р.(25) од Пакистан затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и смолеста материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

На 10.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, полициски службеници го привеле И.Н.Д.(26) од Република Австрија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка. 

На 10.11.2024 во 17.33 часот на место викано „Живинарска фарма“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле К.Х.(33) од Република Грција. Претходно, тој бил забележан како со патничко возило „нисан навара“ со грчки национални ознаки нелегално, на необележан граничен премин, влегол во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. 

На 10.11.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, кај Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Кратово и трактор „махиндра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(52). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „матиз“ М.Т.(61) од Кратово, а со телесни повреди возачот Г.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан