• сабота, 08 март 2025

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Во Полициската станица Кочани вчера во 13.15 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје. Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на итната медицинска помош Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено. Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.

Во Полициската станица Прилеп вчера во 22.50 часот било пријавено дека на регионален пат  Прилеп - Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“, патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од  село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот. Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште.  Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.  

Во Полициската станица Радовиш вчера околу 10.05 часот било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, патничко возило „Опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(48) од село Коџалија, радовишко, удрило во лицето В.М. (76) од Радовиш кој што управувал електрична инвалидка количка. Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  го лишиле од слобода М.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје  утрово во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  го лишиле од слобода Б.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Штип утрово во 02.50 часот пред трговски центар во Штип  го привеле Н.Ј.(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола ги лишиле од слобода Б.М.(31) и Х.П.(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 01.45 часот,  на улицата „Партизанска“  во Битола го лишиле од слобода Б.Џ.(34) бидејќи при преглед кај него била пронајдена  грутчеста материја. По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“  во Битола ги лишиле од слобода Д.М.(34) и Н.И.(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид синоќа во  00.30 часот од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром,  привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

С.Т.(77) од Скопје вчера во 10.50 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Скопје била касната од куче скитник. 

Б.Б.(49) од Скопје вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на улицата „Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

М.М. од Скопје вчера во 14.30 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан