Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - На 02/03.01.2026 во Скопје, на подрачјата на општина Аеродром и Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.П.(48) од Скопје, Д.Ж.(18) од с.Бразда, општина Чучер-Сандево и Џ.Ф.(28) од Република Турција,затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.01.2026 во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) с.Видуше, општина Маврово и Ростуше, излетало од патот и паднало во река Радика. Во несреќата, од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка М.Ф.(56) од с.Видуше починале на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител возилото е задржано во полициска станица за вонреден технички преглед, а телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 02.01.2026 во Кочани , полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Љ.П.(20) од Кочани и М.Г.(18) од с.Грдовци, кочанско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.01.2026 во просториите на Одделението за прекуграничен криминал, муграции, странци и реадмисија Скопје, полициски службеници го лишија од слобода С.К.(46) од Република Турција. По извршени проверки со Интерпол Турција констатирано е дека Уверението за неосудуваност од Генерален директорат за кривична евиденција и статистика при Министерство за правда на Турција, кое го дал во прилог на барањето привремене престој по основ на вработување, било фалсификувано, односно не било издадено од Генералниот директорат. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.
На 03.01.2026 во 02:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувно од Л.Б.(27) од с.Градец, општина Врапчиште, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Е.С.(19) од с.Здуње, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.А.(27) од с.Градец, а со телесни повреди се здобиле возачот и другиот сопатник Н.И.(37) од с.Градец, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 02.01.2026 околу 09:30 часот во с.Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од с.Лажани. М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9мм, додека од Б.С. се одземени гасен пиштол „Walther“ со 12 куршуми калибар 9мм. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.01.2026 во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С.(54) од Штип, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор К’шање во Куманово, пријавил дека на 11.12.2025 околу 14:00 часот во просторија во затворот, во која бил со уште четири лица, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што паднал и изгубил свест. Според пријавеното, нападите од Д.А. биле константни се додека не бил спроведен во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 02.01.2026 во 17:45 часот во с.Стримница, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б.(34) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во просториите на општина Желино со остар предмет се заканувал на Б.С.(40) од с.копачин Дол, градоначалник на општина Желино. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.01.2026 во 01:30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.Р.(26) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.01.2026 во 18:35 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 18:30 часот на бул.„ЈНА“ во Штип во станбена зграда настанал пожар на оџак кој поминувал во становите од прв до петти кат. Повредени лица нема,а од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдушување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 02.01.2026 во 23:30 во СВР Скопје, 42-годишната О.Ј. од Велес, со престој во Скопје и Д.П.(29) од Скопје пријавиле дека околу 18:35 часот на подрачјето на Карпош биле нападнати од куче со сопственичка, кое ги нападнало нив и нивните миленици. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а бил извршен службен разговор со сопственичката на кучето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 02.01.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ц.(19) од Скопје. Според пријавеното, околу 19:45 чaсот кај место викано „Пеленица“ во населба Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.И.(20) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.01.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, Д.Ј.(43) физички го нападнал М.М.(36), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. бд/
Фото: МИА архива