• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - На 29.08.2024 во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.08.2024 во 20.05 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.З.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 29.08.2024 во 13.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Радовиш. При преглед на лицето биле пронајдени 25 семки од растението канабис, пластичен грендер и други предмети. Во службениот разговор тој изјавил дека семките ги набавил со намера да ги засади и одгледува. Врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен и претрес во домот и просториите кои ги користи Д.Ј. во Радовиш и во село Шипковица, радовишко, при што во дворното место на куќата во село Шипковица биле пронајдени две стебла канабис. Д.Ј. е задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 29.08.2024 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Којнаре,кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.   

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава... 

На 29.08.2024 во 18.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Тетово удрило во М.Г.(78) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.   

На 29.08.2024 во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.М.(42) од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, П.К. (89) од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес. 

Денеска (30.08.2024) во 01.20 часот во Полициската станица Драчево Д.Д.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„Партизански пат“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 29.08.2024 во 09.15 часот во Полициската станица Аеродром Ј.Ц.(47) од Скопје пријавил дека на бул.„Србија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Остани поврзан