• понеделник, 25 ноември 2024
МВР Билтен

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - На подрачјето на Кисела Вода ноќеска во 01:15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ц.(50) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 01:30 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 19:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 22:30 часот вчера во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ш.(58) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 17:20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од кривопаланечко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 16 часот во СВР Скопје вчера било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бледски договор“ и бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(63) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(31), двете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.Ш. и В.З., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Вчера во 14:40 часот во Полициската станица Гази Баба М.С.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либкнехт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во 14.35 часот вчера во Полициската станица Ѓорче Петров Д.К.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.

 Вчера во 22.25 часот во Полициската станица Драчево З.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Во 20:10 часот вчера полициски службеници од СВР Велес го привеле А.Д. (20) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.  

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан