• понеделник, 02 февруари 2026
МВР Билтен

Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Куманово и Е.Е. (25) од с. Ваксинце, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13.05.2025  во с.Слупчане, Општина Липково,  полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што кај него била  пронајдена и одземена марихуана,  која претходно ја набавил од првопријавениот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Струга и К.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”.

Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25.06.2025 аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка и побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената.

СВР Струмица- ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „бесправно градење“ и против Љ.Е. (55) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.  

Правното лице и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 на катастарска парцела започнале градба  на станбена зграда за домување, без соодветно одобрение. Третопријавениот во својство на надзорен инжинер вршел надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека не поседува издадено одобрение за градење, а притоа извршил незаконска наплата по претходно доставена фактура за извршен надзор со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во висина од 136.214 денари.

На 01.02.2026 во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.В.(37) од Скопје, затоа што кај е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 01.02.2026 во 11:50 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода  А.Н.(57) од Република Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил две фалсификувани зелени карти за товарното возило „волво“ со полуприколка, кое го управувал.

Тој е задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.П.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 29.12.2025 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 07.10.2025 во населба Питарница, гостиварско, полициски службеници запреле такси возило, во кое бил пријавениот, и при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

На 31.01.2026 во 17:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, во с.Босилово, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И.(21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И.(71) од с.Босилово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.  

На 01.02.2026 во 20:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода А.Р.(35) од Велес.

Тој се сомничи дека на неколку локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен е јавен обвинител и  се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настаните, по што против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ш.Д.(62) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој, на дел од катастарска парцела во месноста „Бадеми“ во државна сопственост, без одобрение и неовластено поставил помошен објект, со што постапил спротивно на Законот за градење и се стекнал со противправна имотна корист.

На 01.02.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, О.М. од Украина пријави дека околу 04:30 часот во Градскиот парк во Скопје, три лица, најверојатно малолетници, со употреба на физичка сила му одзеле чанта во која имал пари и документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор и откако му го дал, му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.02.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје, В.А.(32) од Египет, со престој во Скопје, пријави дека околу 03:00 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, вработено како обезбедување во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.02.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.В.(36) и С.А.(26), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, на 30.01.2026, 41-годишник од скопско село пријави дека пред неговиот дом, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од негов братучед од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан