• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.12.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две дигитални ваги со остатоци од хероин. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против У.С.(20) од село Конче, општина Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2024 во Радовиш полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Г.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 18.02.2025 во Струмица, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на М.М. од Струмица.

Во СВР Скопје вчера во 5.45 часот било пријавено дека на улицата „Дарданија“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(52) од Скопје и мотоцикл управуван од В.М.(43) од село Грчец, скопско. Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Во ОВР Кичево вчера во 15.06 часот било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Гостивар, помеѓу селата Колари и Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(33) од Кичево и товарно возило „фолксваген крафтер“ со српски национални ознаки, управувано од В.Т.(32) од Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „голф“ Ш.Ш.(54), додека со телесни повреди сопатникот од истото возило И.Ш.(58), двајцата од село Колари, кичевско. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21.15 часот во Скопје, на различни локации, ги лишиле од слобода Г.С.(27) и Ф.А.(27), двајцата од Скопје, Д.С.(20) од село Псача, кривопаланечко, како и П.К.(38) од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Од Јавната установа за згрижување деца вчера во  00.30  часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека се вратиле нивните штитеници А.Х.(12) и К.П.(17) кои на 31.03.2025 биле пријавени дека се оддалечиле од установата.

Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 17.30 часот во Полициско одделение Петровец ја пронашле малолетничката М.Б.(14), која на 31.03.2025 од страна на нејзината мајка била пријавена дека се оддалечила од домот.

Во ОВР Кавадарци вчера во 17.30 часот било пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен М.С.(55) од село Криволак, неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во Неготино, како вработен во јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино. 

Во СВР Охрид вчера во 14.20 часот е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобил со повреди С.Г. (63) од Охрид, вработен во фирма од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што С.Г. се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга.вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан