МВР Билтен
- На 03.03.2023 во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата.

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - На 03.03.2023 во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 во с.Петровец, скопско. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од с.Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во с.Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2023 во 01.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.Ѓ.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.03.2023 во 21.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.03.2023 во 14.20 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.03.2023 во 02.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле А.Г.(19), Г.Н.(21) и М.М.Д.(20), сите од Штип, затоа што при преглед кај нив, кај А.Г. била проанјдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.03.2023 во 13.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Т.(35) од Штип затоа што при преглед во возилото „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик поради возење без лиценца и 42 сообраќајни прекршоци. Упатени на вонреден технички преглед се три возила.
Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со континуираните контроли на брзината со која се движат возилата во поширокиот Полошки регион. Вчера (03.03.2023) во периодот од 08.00 до 20.00 часот беше реализирана уште една од серијата контроли, во која беа откриени и санкционирани 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-11 и ГВ-6) надвор од населено место. Едно од пречекорувањата (ТЕ) било за повеќе од 70 километри на час. Во акциската контрола санкционирани се и 8 (ТЕ) надминувања на пропишаната брзина во населено место за 50 километри на час. Во рамките на контролата констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 73 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-34).
На 03.03.2023 во периодот од 09.00 до 13.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 17 технички неисправни возила (ТЕ-8 и ГВ-9). Сите имале неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани се 6 возачи без возачки дозволи, 1(ТЕ) со важечка забрана за управување и 1(ТЕ) кој не извршил технички преглед на возилото што го управувал. Покрај ова, санкционирани се и 42 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-4).
Во СВР Скопје било пријавено дека на 02.03.2023 околу 17.45 часот на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во М.И.Ф.(62), по што го напуштило местото. Во несреќата М.И.Ф. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во приватна болница во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.03.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Аеродром, О.Т.(42) од с.Љубанци, скопско, пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 30.08.2022 во с.Орман, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и возилото кое го управувал, а во кое биле затекнати уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 03.03.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Г.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ била касната од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(19) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Д.М.(35) од с. Лабунипшта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозоможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.12.2022 на ул. „4 Јули“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат пунто“, кое го управувал Д.М., при што во возилото и кај сопатникот Н.М. била пронајдена и одземена марихуана.
На 03.03.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Прилеп, Г.М.(60) од Прилеп пријавила дека на ул„Л.Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник. дма/