• петок, 13 јуни 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) - На различни локации во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.С., на возраст од 41 година од Охрид, П.К., на 36-годишна возраст од Струга, Џ.Ј.(37), В.Х.(29) и М.Н.(23), тројцата скопјани, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.  

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против У.М.Е., 52-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На 11 април на граничен премин „Табановце“, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана германска возачка дозовола.  

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Е.И., на возраст од 35 години од село Лакавица, гостиварско и С.М., 37-годишно лице од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 9 мај во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин. 

СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Е.М. и А.Р., на возраст од 35 и 25 години, двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“.

На 22 март, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин, не ја почитувале одлуката на Владата на Република Северна Македонија за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.

СВР - Струмица поднесе кривична пријава против О.Џ., на возраст од 43 години од село Дедели, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13 април, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

Во СВР - Скопје во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во 22:30 часот во село Кучевиште, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З., на возраст од 19 години од село Долно Коњари, општина Петровец, излетало од патот и удрило во ограда.

Во несреќата, возачот Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот М.Х., на возраст од 19 години од Скопје, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР - Скопје. 

Вчера во 17:05 часот на граничен премин „Ќафасан“, на влез во државата, полициски службеници го привеле Ф.А., на возраст од 69 години од Република Албанија, со привремен престој во Кавадарци, затоа што при гранична контрола било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд - Кавадарци за издржување на затворска казна во Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“.

Лицето било спроведено во установата за издржување на казната. 

Синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР - Куманово ги лишија од слобода А.Ј. и Д.С., на возраст од 36 и 29 години, двајцата кумановци.

На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава. 

Вчера во 17:35 часот на граничен премин „Јажинце“, полициски службеници го приведоа Н.А., на возраст од 40 години од село Доброште, тетовско, кој е баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Тој е спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор - Тетово“ за издржување на затворската казна. 

Синоќа во 22:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје го приведоа Б.Ј., 50-годишен скопјанец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Вчера во 18:25 во ОВР - Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден, кавадаречко, С.С., на возраст од 45 години од Куманово, управувајќи четирицикл нa некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден - Трибор - караула Пуљевац - Мајден и завршува до село Мрежичко, паднал од четирициклот.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен. бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан