• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Во периодот од 04 до 06.07.2024, по претходно преземени оперативни мерки и активности од страна на МВР, поточно Оддел за гранични работи и миграции - Мобилна единица за компензаторски мерки и Оддел за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Царинската управа и со користење на службено куче, во царински склад во Скопје извршен е детален преглед на три товарни моторни возила со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лице од Скопје и од с. Студеничани, скопско. При прегледот во нив се пронајдени и одземени 3.700 парчиња разновидна брендирана трговска стока без неопходната документација, во вредност од 40.000 евра, поради што постои сомневање дека со возилата се врши нелегален превоз на стока која повредува право на интелектуална сопственост. Одземената стока е предадена на Царинската управа и се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. 

На 06/07.07.2024 од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се сообраќајни контроли, во кои полициските службеници затекнале осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Денеска (07.07.2024) во 05.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријавила дека на 06.07.2024 околу 22.30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Д.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.Ш.(48) од Косово пријавил дека околу 09.30 часот, во објект во изградба на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.У и М.У., и двајцата од Косово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 14.40 часот во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека А.Р.(28), кој утрото од неговата сестра А.Р.(35) од Скопје бил пријавен дека се оддалечил од домот, се вратил дома. 

На 06.07.2024 во 20.09 часот во СВР Штип, Т.Д.(61) пријавил дека во Штип бил физички нападнат со тврд предмет од Т.Н., двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 05.07.2024 околу 22.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.И., кој ѝ упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 19.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(57) и П.С., двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(41) од Тетово пријавил дека околу 13.50 часот на патот од Скопје кон Тетово, кај клучка Сарај, додека го управувал неговото патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, слушнал звук на предното стакло од возилото и забележал дека е оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип, А.К.(42) пријавил дека околу 21.00 часот во Штип бил физички нападнат од Д.В,. двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Остани поврзан