• среда, 18 декември 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

17 декември 2024

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против М.Е. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „помагање на сторител по извршено кривично дело”, казниво по член 365 од Кривичниот законик. Поради нерасчистени должничко - доверителски односи, на 10.12.2024 пријавените отишле пред куќата на Д.Ј.(42) од с.Мирковци, скопско, при што М.Е. од пиштол пукал кон него, но не го повредил. Судија на претходна постапка, на М.Е. му определил мерка притвор во траење од 30 дена.   

На 16.12.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош и подоцна при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15.12. и 16.12.2024 на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С.(23), М.Б.(23) и Ф.М.(22), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 15.12.2024 околу 03.00 часот во угостителски објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале Ф.Т.(26) од Скопје и му нанеле повреди. Додека, пак, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото. Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор. 

На 16.12.2024 во 11.30 часот на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.М.(27) од с.Мала Речица, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Таа била предадена во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 16.12.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, Е.М.(29) од Тетово бил физички нападнат од И.С.(42) од с.Брвеница, тетовско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 16.12.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Е.(47) и Ј.Е.(44) од една страна и Ш.Ш.(39), Е.Ш.(42) и С.Ш.(18) од друга страна, сите од Скопје, поради тоа што Е.Ш. и С.Ш. претходно физички нападнале малолетничка која имала здравствени проблеми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 16.12.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.(42) и Д.Д.(43), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 16.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Н.(79) од с.Долно Соње, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата во двор на фирма на подрачјето на Кисела Вода, каде што бил клиент и бил удрен со работна машина. Се работи на расчистување на случајот.    

На 16.12.2024 во 21.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благој Деспотовски Шовељ“ на подрачјето на Центар настанал пожар во два помошни објекти и кровна конструкција од куќа, сопственост на Б.Д.(74) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 16.12.2024 во 15.00 часот во Полициска станица Велес, И.Д.(33) од Велес пријавил дека на улица „Прохор Пчински“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 16.12.2024 во 16.40 часот во Полициската станица Велес, М.П.(40) од Велес пријавила дека на улица „Петре Прличко“ во Велес била касната од куче скитник.

На 16.12.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Велес, М.М.(47) од село Долно Караслари, велешко, пријавил дека на улица „Петре Прличко“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.С.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 23.08.2024 во Гостивар, при физичка пресметка пријавениот му нанел тешка телесна повреда на Л.Ѓ.. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(21), Е.Х.(32) и С.И.(24), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.08.2024  на локалниот пат кон с.Селце, тетовско, поради претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу тројцата. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21), И.Т.(24), Д.К.(19), М.Ј.(22), сите од Кочани, С.М.(34), Д.Р.(33), М.П.(26), А.С.(34), сите од Штип и И.М.(27) од с.Чешиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.10.2024 во угостителски објект во Штип, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што биле употребени остар и тврд предмет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.11.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој го земал од пријавениот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.07.2023 во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(23) од Гостивар поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.10 2023 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, кој од прозорот фрлил ќеса со марихуана, која била пронајдена.   

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Г.(37) од с.Теранци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.08.2024 на планина Плачковица, пријавениот се обидел физички и со тврд предмет да нападне вработен во Јавно претпријатие - Подрачно шумско стопанство „Серта “Штип, кој извршувал работни задачи. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.У.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 29.08.2024, по претходна расправија, пријавениот со нож упатил закани кон А.И.. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(43) од штипско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“. На 05.12.2024 во атар на с.Јонузлија, по претходна расправија, пријавениот упатил закани со огнено оружје на 38-годишната Д.А..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 17.10.2024, пријавениот упатил закани на неговата сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 19.11.2024, пријавената физички го нападнала нејзиниот сопруг.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење служба“. На 03.10.2024, пријавениот како вработен во образовна институција упатувал закани кон 14 - годишник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 31.08.2024 пријавениот го измамил Н.Л. за сума од 200 евра при купопродажба на возило. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и Е.Д.(48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. На 27.01.2024, полициски службеници извршиле контрола во објект во Тетово, при што било констатирано дека пријавените преку компјутерски систем дејноста ја вршат како коцкање и обложување, додека по однос на лиценците на софтверот, било констатирано дека користат оперативен систем без лиценца. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.У.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, за свои потреби зел дел од туѓа катастарска парцела и ја заградил за да ја користи како отпад за старо железо.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Ш.(60) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2018 година во с.Подгорци, струшко, пријавениот изградил помошен објект на катастарска парцела без да поседува одобрение од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ш.(39) од с.Рогле поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 12.09.2024 на регионалниот пат Скопје - Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган./

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан