• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - На 13.12.2023 во 13.45 часот во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Ш., на возраст од 26 години, од селото. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2023 во 15.30 часот на улица „11 Септември“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 54 години. При преглед во неговото возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле 3.058 парчиња пиротехнички средства, што нелегално ги набавил. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2023, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица, со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишник. Повредениот малолетник е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (13.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 69 возачи, меѓу кои 32 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење без возачка дозвола...

На 13.12.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 19 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 11 во населено место. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за недавање првенство на пешаци, 2 за некористење сигурносен појас и 7 за непрописно паркирање.

Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на патиштата во Полошкиот регион, денеска (14.12.2023) од 06.00 до 10.00 часот на тетовското подрачје спроведена е акциска контрола на автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници и посебно на ученици. При контролата откриени и санкционирани се 4 прекршоци. Едно возило - автобус, имало неисправни сопирачки, едно возило го управувало лице со важечка забрана за управување... На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на констатираниот прекршок, се движат од 45 до 500 евра во денарска противвредност, а ќе следат и глоби за правните лица и нивните одговорните лица. На гостиварското подрачје, пак, не биле откриени технички и други недостатоци, додека две од контролираните возила не поседувале зимска опрема.

На 14.12.2023 во 01.30 часот во СВР Куманово, Л.С., на возраст од 23 години, пријавил дека на 13.12.2023 околу 19.00 часот на улица „Пионерска“, бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.12.2023 во 10.20 часот во СВР Битола, С.К., на возраст од 63 години, од село Горно Оризари, битолско, пријавил дека на улицата „Стара Чешма” бил каснат од куче скитник.

На 13.12.2023 во 19.30 часот во СВР Битола, 88-годишниот битолчанец Б.Б. пријавил дека на улицата „Дебарска” бил каснат од куче скитник.

На 13.12.2023 во 21.25 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош Липково било пријавено дека во село Матејче, констатирана била смрт кај Н.М., на возраст од 83 години, од селото Липково, како последица од пожар. Според пријавеното, пожарот настанал во собата каде била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството. Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

На 13.12.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, А.З., на возраст од 27 години од Тетово, со привремен престој во Скопје, пријавила дека на 12.12.2023 околу 23.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице ѝ одзело мобилен телефон и пари, а ѝ се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.12.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје, скопјанецот С.Г., на возраст од 80 години, пријавил дека на 08.12.2023 околу 18.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила му ја одзело чантата и го турнало. Според пријавеното, три лица, кои биле на местото, тргнале по лицето, по што тоа ја фрлило чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчанецот К.Т., на возраст од 29 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 13.12.2023 во СВР Скопје, воспитувач во Јавна установа за згрижување деца пријавил дека околу 18.30 часот во установата на подрачје на Карпош, бил нападнат од еден малолетен штитеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.12.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, К.К., на возраст од 23 години од Скопје пријавил дека на улицата „Загребска“ бил каснат од куче скитник.

На 13.12.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Аеродром. Л.С., на возраст од 44 години од селотоТрубарево, скопско, пријавила дека на улицата „68“ била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 68 години, од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.06.2023 во село Ташмаруништа, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле муниција и пневматска пушка.

На 13.12.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник М.А., на возраст од 16 години од Струмица, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Џ., на возраст од 28 години, од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот пронашол платежна картичка на лице од Дебар и во три наврати ја искористил за наплата на услуги на бензинска пумпа и други услуги.

На 13.12.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Чаир, П.В., на возраст од 75 години од Скопје, пријавил дека на улицата „Радишанска“ бил каснат од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан