• недела, 28 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - На 19.04.2024 во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од Кавадарди во безсознание бил пронајден Б.О.(40) од Кавадарци, кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.04.2024 во 20.50 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Х.И.(22) и Е.С.(25), двајцата од Куманово. При преглед во возило кое го управувал Х.И., а сопатник бил Е.С., била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04 2024 во 13.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(21) од с.Големо Коњари и А.С.(22) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 21.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ј.И.(51) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. Против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 19.04.2024 во 18.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.И.(50) од с.Слупчане, општина Липково. Тој бил затекнат при обид илегално да ја премине државната граница од Косово во Република Северна Македонија, а при преглед во возилото „фолксваген шаран“ со кумановски регистерски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени предмети за кои не поседувал никаква документација. Против лицето е поднесен прекршочен платен налог по Законот за гранична контрола, а по насока од јавен обвинител лицето и предметите биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка.  

На 19.04.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово, 48 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 800 евра. Според пријавеното, на 22.02.2024 тие се договориле лицето да му изврши транспорт на возило од странска земја, по што тој преку брз трансфер на пари му ги уплатил парите. Како што е пријавено, лицето не го донело возилото до 10.03.2024 како што било договорено, а до пријавувањето имале комуникација по телефон, при што лицето му упатувало закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Денеска (20.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле С.К.(29) од Република Србија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2024 во 19.30 часот во СВР Куманово, Ф.С.(45) од Куманово пријавил дека околу 13.45 часот пред средно училиште во Куманово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и уште три лица, кои употребиле и остар предмет и му нанеле повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 13.58 часот во СВР Скопје, С.Ј.(36) од Скопје пријавила дека во основното училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од вработената И.Н.. СЕ преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 12.11 часот во СВР Скопје, 27-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 18.04.2024 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот вујко Д.Ј. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека на 15.04.2024 на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг С.С.(41) од Скопје, со кого е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 19.04.2024 во 16.34 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.15 часот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет Н.З. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 20.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Г.(53) и П.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 19.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.В.В.(36) од Скопје пријавила дека во периодот од 17.30 до 19.00 часот во двор на основно училиште во с.Јурумлери, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 21.52 часот во Полициската канцеларија Старо Нагоричане, М.М.(51) од с.Добрача, општина Старо Нагоричане, пријавил дека на 18.04.2024 во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, бил физички нападнат од Б.Д. од Скопје, со престој во истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, У.И.(38) од Скопје пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје на предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки бил оставен неиспукан куршум од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.Д. од Скопје пријавил дека околу 11.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје три лица физички го нападнале неговиот син Д.Д.(19) и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Денеска (20.04.2024) во СВР Скопје, А.Ј.(49) и Г.М.(50), двајцата од Скопје, пријавиле дека  околу 22.55 часот во Градски парк во Скопје, неколку лица со закана од нивните малолетни синови одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 11.30 часот во СВР Штип, К.М.(60) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во Штип бил физички нападнат од три лица, кои му одзеле пари и лични предмети, а кои како такси возач ги возел од Струмица до Штип. Според пријавеното, лицата употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.04.2024 во 16.45 часот, Ј.М.(39) од Струга во полициска станица пријавил дека на регионалниот пат Струга - Дебар бил каснат од куче скитник.

На 19.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Неготино, од Итна медицинска помош Неготино било пријавено дека кај нив за укажување помош дошол М.Д.(26) од село Пепелиште, неготинско, кој во селото бил каснат од куче.

На 19.04.2024 во Полициската станица Кисела Вода, Н.П.Р.(42) од Скопје пријавила дека на  ул.„Антон Попов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 19.04 2024 во 09.25 часот во Полициската станица Прилеп, П.П.(77) од Прилеп пријавил дека на ул.„Илија Дреноски“ во Прилеп бил каснат од куче скитник. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан