• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 мај 2023 (МИА) - На 30.04.2023 во 13,10  часот во с.Форино, гостиварско, од полициски службеници е лишен од  слобода З.С.(47) од  с.Чегране,  поради  постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, при што од угостителски објект во Гостивар одзел пари и лап-топ компјутер. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 30.04.2023 во 17.20 часот во Полициска станица Ресен е пријавено дека од пиротехничар од Дирекцијата за спасување и заштита -Битола од брегот на Преспанското езеро во туристичка населба „Отешево“ е подигната неексплодирана артилериска  граната 75 мм од Првата Светска Војна, која била пронајдена во 15.45 часот. 

На 30.04.2023 во 11,30 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од с.Злетово и Т.Ј.(48) од с.Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 30.04.2023 во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.  

На 30.04.2023 во 19.30 часот во Полициска станица Гази Баба Б.Ф.(20) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во с. Сингелиќ, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Б.С., Т.С. и Ј.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 околу 21.15 часот во полициско одделение Сарај е пријавено дека во с.Сарај по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.И.(51) и А.А.(36), двајцата од с.Сарај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 18.50 часот  во с.Визбегово, скопско од полициски службеници е приведен М.Ј.(21) од с.Блаце затоа што одбил да застане на даден знак од полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што удрил во полициското возило. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 30.04.2023 во 12.57 часот во СВР Охрид Г.А.(34) од Охрид пријавил дека во куќа во место викано „Ќелов камен“ во атарот на с.Лабуништа, струшко настанал пожар. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Струга. 

На 30.04.2023 во 15,30 часот во СВР Охрид М.Ј.(48) од Кичево пријавила дека околу 15,30 часот во Кичево таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од нивната сосетка Џ.П.(37) од Кичево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 19,30 часот во СВР Скопје Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во с. Сингелиќ, скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што пријавителот и неговиот син Б.Ф.(22) биле физички нападнати од Б.С., Ј.С. и Т.С. кој притоа извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.05.2023 во 02,10 часот во Полициска станица Охрид В.К.(53), таксист од Охрид, пријавил дека околу 00,20 часот во Охрид бил физички нападнат од патник кој го превезувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Битола М.К.(32) од Р. Србија пријавила дека на 29.04.2023 околу 15.00 часот во стан во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 11.40 часот во Полициско одделение Сарај Е.С.(31) од с.Арнакија, скопско пријавил дека во куќа во с.Арнакија од залутано зрно било оштетено стакло од прозорец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 16.45 часот во Полициско одделение Велушина, И.М.(34) од с.Кременица пријавила дека околу 16.15 часот во с.Кременица била физички нападната од А.Н.(29) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.05.2023 во 00.30 часот во Полициска станица Битола Ј.П.(51) од Битола пријавил дека на 30.04.2023 околу 18.30 часот во Битола нејзиниот син К.П.(24) од Битола, бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 22,10 часот во Полициско одделение Петровец е пријавено дека во спортска обложувалница во с.Петровец, скопско, едно лице го искршило стаклото од влезната врата и со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Радовиш И.Џ.(45) од с.Прналија, радовишко пријавил дека околу 15.00 часот во с.Прналија неговиот син бил физички нападнат од едно лице од с.Прналија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 17.30 часот во Полициско одделение Јегуновце е пријавено дека околу 17.00 часот во с.Шемшово настанал пожар  на куќа сопственост на Б.Ш.(63) од с.Шемшово, при што опожарена била кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Тетово, а при гаснењето со повреди се здобил сопственикот Б.Ш.. вг/ 

Остани поврзан