• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:30 часот во Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија. Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“вчера во 21:00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатната станица Смоквица, ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Полициската станица Прилеп синоќа во 00:45 часот на улицата „11 Октомври“ во Прилеп, врз основа на судска наредба, го привеле Г.А.(32) од Прилеп за издржување затворска казна. По приведувањето тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера во 9:30 часот на ул.„Ефтим Спространов“ во Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и  Е.Х.(34), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека од маркет на бул.„Трета Македонска Бригада“ одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 2:45 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 3:35 часот во угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје  го лишиле од слобода В.М.(21) од село Марино, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција  при СВР Скопје синоќа во 1:10 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје го лишиле од слобода В.Р.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи синоќа во периодот од 21:00 до 5:00 часот спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив. Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци. Полициски службеници вчера во 16:45 часот на Граничен премин Табановце ги привеле Д.Н.(23) и А.М.(32), двајцата од Косово, затоа што при пасошка контрола било утврдено дека на увид приложиле туѓи патни исправи. Лицата биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 80 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас... Во СВР Битола вчера околу 11:40 часот било пријавено дека на ул.„8 Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од З.П.(53) од Битола и патничко возило „сеат леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(55) од село Норово, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., константирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Во Полициската станица Кратово вчера околу 20:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат во село Приковци, кратовско, С.В.(23) од Кратово, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со кратовски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот. Во несреќата С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Кратово. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кратово. Во СВР Тетово вчера во 10:10 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, Т.С.(73) од Скопје, управувајќи патничко возило „југо“  со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата возачот Т.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.  Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Во ОВР Виница синоќа околу 0:05 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Маршал Тито“ и ул,,Партизанска“ во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(21) од Виница и патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од Г.С.(46) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во второто возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Виница. А.М.(35) од Скопје вчера во 14:10 часот во Полициската станица Центар пријавил дека Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник. вј/

Остани поврзан