МВР билтен (ДПЛ)
- Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар денеска во 12:00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје.
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар денеска во 12:00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.03.2022 на автобуска постојка кај Народна банка извршил џепна кражба и од Е.Т.Ј. од Скопје одзел платежна картичка со која подигнал пари. По преземени мерки и обезбеден доказен материјал било утврдено дека И.С. е сторител на делото. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 кривични дела „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“. По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отворал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против Н.К.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 02.02.2022 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле полуавтоматски пиштол „Zastava M70 “ и една рамка за пиштол со пет куршуми калибар 7,65 мм.
Во ОВР Струга вчера околу 9:00 часот приведени се С.М.(37) и Б.К.(42), двајцата од Струга. При претходно извршен преглед кај месноста „Сатеска“, полициските службеници ги затекнале при користење метадон и кај нив пронашле шприц со метадон. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
А.М.(35) од Скопје вчера во 15:30 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка С.С.М.(13), која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против лицето А.С.(56) од струшкото село Лабуништа и правен субјект со седиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 22.03.2022 на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во автобус, сопственост на правното лице, и утврдиле дека возачот А.С. не поседува соодветна лиценца за таа дејност издадена од надлежен државен орган.
21-годишен маж од кумановско село вчера во 21:00 часот во СВР Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му понудило да му размени 500 евра, по што тој му дал денари, но при размената лицето му дало фалсификувана банкнота. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А.А. од Скопје вчера во 7:42 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавила дека во дворот на нејзината куќа настанала физичка пресметка помеѓу А.Б.(19) и Б.А.(24), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Во Полициската станица Гази Баба вчера во 8:45 часот било пријавено дека пред деловен објект на подрачјето на Гази Баба, по претходна вербална расправија поради должничко-доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(41) и Р.Р., двајцата од Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициското одделение Шуто Оризари вчера во 12:30 часот било пријавено дека бил пронајден и вратен М.О.(26), кој претходно беше пријавен од неговата мајка С.М.(52) од Скопје дека се оддалечил од домот.
В.С.(49) од Скопје вчера во 15:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, пријавил дека на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Ф.У.(51) од Скопје завчера во 12:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари пријавил дека од домот се оддалечиле А.О.(9) и С.Р.(11), кои тој ги чувал во згрижувачко семејство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
А.Е.(61) од Скопје вчера во 19:30 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на бул. „АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. вј/