• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.А.(56) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности" по  член 225 став 2 и „бесправно градење" по член 244-а став 1 од Кривичниот законик. На 17 јануари оваа година, на место викано „Копаница“ - катастарска општина Копаница, претставници на Градежен инспекторат извршиле инспекциски надзор на земјиште сопственост на Република Северна Македонија и на местото го затекнале пријавениот како врши  градежни активности со тврд материјал без да поседува Одобрение за градење издадено од општина Сарај. Со ваквите дејствија тој ги сторил делата кои му се ставаат на товар.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 26 април 2022 година, во 09:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници сопреле такси патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот. Притоа, констатирале дека тој нема извод и лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, по преземени мерки и активности,   расчисти кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по чл.274-б од Кривичниот законик. Имено, М.А. од Скопје пријавил дека во текот април 2022 година без негово знаење и согласност во два наврати му била злоупотребена платежната картичка и му биле повлечени парични средства во вкупен износ од 18.200 денари. Веднаш биле преземени мерки и било утврдено дека сторител на делото е Д.А., по што од Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесен е соодветен поднесок.

На 17.05.2022 година околу 22:40 часот на експресен пат Штип – Велес, полициски службеници  од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(25) од Велес. При контрола на возилото „Фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Е.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 Полициските службеници од СВР Куманово денеска во период од 07:00 до 12:00 часот,  спроведоа акциска контрола на подрачјето на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се осум возила. Од нив три поради неисправен уред за запирање, две поради неисправни светлосно-сигнални уреди, како и други видови неисправности.

На 18.05.2022 година во 02:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје затоа што со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф.при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 17.05.2022 година во 11:10 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.Г.(48) од Скопје пријавила дека во маркет во трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, била физички нападната од лице кое го обезбедувало објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2022 во 10:00 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на улица „Мајка Тереза“, тој и М.К. биле физички нападнати од Х.Е. и Г.Н. поради должничко-доверителски односи, при што му одзеле и личен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2022 година во 22:50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на улица „4“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.У.(55) и Ѓ.У.(54), двајцата од Скопје, од една страна, и Ф.И., М.И. и Д.А., сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 18.05.2022 година во 01:40 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Џ.М. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Н.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2022 во 10:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон село Уланци, било пронајдено човечко телоЕкипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

На 17.05.2022 година во 16:40 часот во Полициската станица Карпош, жител на населбата Карпош пријавил дека едно лице ја допирало по телото неговата ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2022 година во 01:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(40) од село Стајковци, скопско, пријавил дека во селото патничко моторно возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, кое тој го управувал, било оштетено од залутано зрно. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.  

На 17.05.2022 година околу 18:42 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, аповредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино.

На 17.05.2022 година околу 19:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на улица „Христо Татарчев“ две лица со закана кон вработенатаодзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(51) од Гостивар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемијата“. На 10 март оваа година полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. ки/дма/

 

 

 

 
 
 

Остани поврзан