Мбапе ќе може да игра против Барселона во финалето на Копа дел Реј
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде подготвен за дуелот против Барселона во финалето на Купот на кралот, пишува „Tiempo de Juego“.

Мадрид, 21 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде подготвен за дуелот против Барселона во финалето на Купот на кралот, пишува „Tiempo de Juego“.
Според шпанскиот портал, 26-годишниот Французин е блиску до целосно закрепнување од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на реваншот против Арсенал (1:2) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Постои шанса Мбапе да биде подготвен за настап против Хетафе во 33. коло од Ла Лига. Средбата ќе се одржи на 23 април.
Реал Мадрид и Барселона на 26 април ќе играат во финалето на шпанскиот куп.
Каталонците се рекордери на турнирот со 31 трофеј. Реал Мадрид го освоил турнирот 20 пати во историјата. зс/
Фото: ЕПА