• четврток, 15 август 2024

Мбапе: Секогаш треба да го следите Белингем

Мбапе: Секогаш треба да го следите Белингем

Варшава, 15 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе му се заблагодари на Џуд Белингем за неговата асистенција во синоќешната победата од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА.

- Главната работа за напаѓачот во шеснаесетникот е постојаното движење. Не можете да застанете бидејќи ситуацијата се менува во зависност од тоа што правата соиграчите. Секогаш треба да внимавате што прави Белингем. Истрча налево, па повторно се префрли под десно, па јас го сменив правецот на движење и чекав, но не застанав. Тој направи одлично додавање, по што веднаш ја испратив топката во мрежата, го цитира Мбапе прес-службата на УЕФА.

Реал Мадрид по шести пат го освои Суперкупот на УЕФА, што е рекорд меѓу сите клубови. 

Барселона и Милан по пет пати го имаат освоено трофејот, а Ливерпул четири пати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан