• среда, 21 август 2024

Мбапе на линија за специјално збогување со Пари Сен Жермен

Мбапе на линија за специјално збогување со Пари Сен Жермен

Лил, 24 мај 2024 (МИА) - Суперѕвездата на Пари Сен Жермен во заминување, Килијан Мбапе ќе добие шанса да се прости од клубот во финалето на Купот на Франција против Лион во сабота навечер во Лил.

Напаѓачот поради повреда ги пропушти последните два натпревари на тимот во Лига 1 и се стравуваше дека ќе остане надвор од групата и за овој натпревар. Сепак, Мбапе сега е добро и влезе во потесниот круг на тренерот Луис Енрике.

Во групата се враќаат и Усман Дембеле, Џанлуиџи Донарума, Витиња, Маркињос и Фабијан Руиз, кои беа одморени на претходниот меч.

Популарниот Лучо ги изостави братот на Килијан Мбапе, Итан Мбапе, како и ветеранот Кејлор Навас, кои, исто така, се очекува да го напуштат ПСЖ за неколку дена. дс

Фото: Архива

Остани поврзан