• сабота, 18 мај 2024

Мбапе и Рамос не сакаат да го видат Паредес во ПСЖ

Мбапе и Рамос не сакаат да го видат Паредес во ПСЖ

Париз, 25 април 2023 (МИА) - Фудбалерите на ПСЖ не се среќни поради идното враќање на играчот од средниот ред Леандро Паредес во клубот, кој сега игра за Јувентус како позајмен.

 

Како што пишува „L'Equipe“, по конфликтот со дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос на мечот со Јувентус, фудбалерите на Париз повеќе не сакаат да го гледаат Паредес во соблекувалната. Рамос во ова прашање е целосно поддржан од Килијан Мбапе - тој исто така не е задоволен од однесувањето на играчот од средниот ред.

 

Договорот на Паредес со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Претходно беше објавено дека 28-годишниот фудбалер ќе се врати во ПСЖ, бидејќи Јувентус нема да го откупи трансферот на Аргентинецот.

 

Паредес оваа сезона одигра 25 натпревари за Јувентус, не постигна ниту еден гол и направи една асистенција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан