Мбапе им соопштил на соиграчите дека го напушта ПСЖ
- Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ги информирал своите соиграчи за неговата намера да го напушти клубот како слободен играч на крајот на сезоната, тврди локалниот новинар Фабрис Хокинс.
Париз, 16 февруари 2024 (МИА) - Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ги информирал своите соиграчи за неговата намера да го напушти клубот како слободен играч на крајот на сезоната, тврди локалниот новинар Фабрис Хокинс.
Напаѓачот им кажал на останатите играчи на тимот за претстојната разделба со нив на денешниот тренинг.
Како што е познато, вчера имаше информации дека Мбапе прво му ја соопштил својата одлука на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи на приватен состанок.
Експертот за трансфери Фабрицио Романо додава дека 25-годишниот играч не им открил на останатите фудбалери на Париз која ќе биде неговата следна фудбалска дестинација.
Сепак, во тимот се убедени дека тоа е Реал Мадрид, што важи и за соблекувалната на „кралскиот клуб“.
Во меѓувреме, на својата денешна прес-конференција, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике одби да ја коментира иднината на францускиот репрезентативец во оваа фаза од сезоната. дс
Фото: Архива