• петок, 20 декември 2024

Мбапе: Го разбирам разочарувањето на Гризман

Мбапе: Го разбирам разочарувањето на Гризман

Париз, 23 март 2023 (МИА) – Новиот капитен на Франција, Килијан Мбапе проговори за разговорот со Антоан Гризман на тема капитенската лента.

 

Напаѓачот на ПСЖ е назначен за капитен на француската репрезентација, додека напаѓачот на Атлетико Мадрид е назначен за заменик капитен.

 

- Разговарав со Антоан, тој е разочаран и тоа е разбирливо. Му реков дека и јас ќе реагирав на ист начин. Тој е веројатно најважниот фудбалер во ерата на Дешам. Јас не сум негов шеф. Треба да се обидеме со заеднички сили да направиме францускиот тим да царува на светско ниво. Ако сака да каже нешто на тимот, ќе седнам и ќе слушам. Не треба никому да ја затвораме вратата, секој може слободно да го каже своето мислење, изјави Мбапе.

 

Досега капитенската лента кај „триколорите“ ја носеше голманот Уго Лорис, но тој ја заврши репрезентативната кариера. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан