Мбапе: Без моите соиграчи, немаше да можам да ги покажам моите најдобри квалитети, се чувствувам многу удобно во Реал
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Реал Сосиедад во 4. коло од шпанското првенство.
Мадрид, 14 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Реал Сосиедад во 4. коло од шпанското првенство.
Реал Мадрид победи со 2:1, иако повеќе од еден час играше со фудбалер помалку.
- Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар и тест за нашето ниво во оваа фаза од сезоната. Го започнавме натпреварот многу добро, потоа добивме црвен картон, што малку ја промени ситуацијата, но издржавме. Се враќаме во Мадрид со три бода и прво место на табелата, изјави Мбапе за клупскиот сајт.
Фудбалерот, исто така, коментираше за својот гол и асистенција на овој натпревар.
- Важно е за мене секогаш да бидам корисен за тимот. Се обидувам да го дадам најдоброто од себе за клубот и навивачите. Сега постигнав гол на мојот типичен начин, но без моите соиграчи немаше да можам да ги покажам моите најдобри квалитети. Се чувствувам многу удобно во овој тим.
Реал Мадрид е на врвот на табелата во Ла Лига со 12 бода. Тимот ќе го игра својот следен натпревар во шпанското првенство на 20 септември против Еспањол. зс/
Фото: ЕПА