Мајмун украл телефон и си правел „селфи“
- По два дена, мајмунот го вратил телефонот.

Куала Лумпур, 18 септември 2020 (МИА) - Во Малезија, мајмун украл телефон и неколкупати си направил самослик... Закриѕ Роѕи (20), момчето сопственик на телефонот „се пофали“ со тоа на Тик-ток и ги објави сликите.
По два дена, животното го вратило телефонот.
Мајмунот го украл уредот со знакче со јаболко од собата на момчето и во еден миг, се чини дека се обидел да го изеде. си/