• петок, 05 декември 2025

„Мајкрософт“ воведува агрегатор за видеоигри

„Мајкрософт“ воведува агрегатор за видеоигри

Лос Анџелес, 16 септември 2025 (МИА) - „Мајкрософт“ (Microsoft) воведува нова агрегатор-видеотека во рамките на својата „Икс-Бокс“ компјутерска апликација ('Xbox PC') за оперативниот систем „Виндоус“ (Windows).

Ажурираната апликација сега ќе прикажува игри од „Стим“ (Steam), „Бетл“ (Battle) и други виртуелни продавници за видеоигри за персонален компјутер. Тоа ја прави апликација огромен извор на игри за компјутер. Американската компанија ја тестираше новата видеотека последниве неколку месеци со група избрани корисници, но сега е достапна за сите корисници на „Икс-Бокс“ компјутерската апликација. Таа е првенствено направена за новото „Икс-Бокс“ искуство на цел екран, коешто ќе биде достапно и на „Икс-Бокс алај“ (Xbox Ally) уредите и на обичен компјутер.

- Кога инсталирате игра од поддржана ПЦ-продавница, таа автоматски се појавува во делот „Моја библиотека“ (My Library) во рамките на „Икс-Бокс“ компјутерската апликација, како и во списокот „Најнови“ (Most Recent) наслови во страничната лента, за да можете да се вратите на вашите омилени игри само со еден клик, објасни потпретседателот во „Мајкрософт“ - Џејсон Бомонт.

Подоцна овој месец, компанијата ќе додаде и игри што може да се играат во облак и историја на игри во апликацијата.

- Откако оваа функција ќе биде пуштена во употреба, побарајте ја листата „Врати се во игра“ (Jump back in) на почетниот екран на Вашата конзола, компјутер или преносна опрема за да ја пронајдете Вашата неодамнешна историја на игри и да продолжите таму каде што сте застанале, рече Бомонт.

Меѓу новитететите е и делот „Мои апликации“ (My Apps), којшто им овозможува на гејмерите брзо да инсталираат и стартуваат апликации од трети страни како што се прелистувачи, алатки за игри и конкурентски продавници за видеоигри. И оваа нова функција е првично направена за преносни уреди, со цел преземање игри од повеќе продавници.си/сд

 

Остани поврзан